Кривични за двајца работници на „Синохидро“ оштетиле кабел на „ЕВН“, корисници од Дебрца без струја
СВР - Охрид поднесе кривична пријава против М.Ј.(56) од Народна Република Кина поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уништување или оштетување на јавни инсталации“ и „несовесно работење во службата“, како и против А.Н.(62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Според полициското соопштение, двајцата како вработени во градежна фирма, со неизвршување на своите службени должности за известување на поставена подземна инсталација на автопат во изградба, предизвикале оштетување на електрични кабли сопственост на „ЕВН Македонија“ по што, настанал прекин на снабдувањето на електрична енергија на повеќе правни и физички лица во Општина Дебрца, со што предизвикале материјална штета од околу 502 илјади денари.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Уставните судови не се под јурисдикција на соседни политичари
-
„Лидл“ гради објект и во Аеродром, најавено ново поглавје во малопродажбата
-
Филипче бара итно декласифицирање на документите за следење на комуникациите на новинари и политичари
-
Приведени двајца турски државјани на ГП Деве Баир, приложиле фалсификувани зелени карти за возилата
-
Приведени три лица од тетовско барани по потерници за издржување затворски казни
-
Изминатитe два дена 1103 сooбрaќaјни прекршoци
-
Кавадарчанец возел со 2,04 промили алкохол во крвта
-
Бајач од Штип полнел вода со црево во Кочани и ја нудел како света, предупредува Отец Димитар Арсовски