Кривични пријави за недозволено држење оружје

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија од слобода ги лиши лицата Т.Б. (30), И.А. (40) и Х.С. (20) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот Законик на Република Македонија.
На 25.минатиот месец околу 10.50 часот на ул. „Васил Ѓоргов“ полициски службеници ги легитимирале и извршиле личен преглед на лицата. Од извршениот преглед, кај Т.Б. бил пронајден пиштол „Црвена Застава М-70“ калибар 7,65 мм со рамка во која имало осум куршуми, кои со потврда му биле одземени. Притоа, бил извршен преглед и на патничко возило „Алфа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост и управувано од И.А..
При прегледот, во багажникот од возилото била пронајдена една ловна пушка „Бајкал ТОЗ 63“ калибар 16 ГA и дозвола за оружјето на име М.К. (60), кои, исто така, со потврда биле одземени од И.А..
Од извршените проверки, за лицето Т.Б. биле добиени информации дека се бара со потерница за бегство од затвор и за сторени повеќе кривични дела. Сите лица биле лишени од слобода.
Истиот ден, околу 14.00 часот на ул. „Васил Ѓоргов“, полициски службеници од слобода го лишиле и лицето Д.С. (29) од Крива Паланка поради сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот Законик на Република Македонија. Кај сите лица биле извршени претреси во домовите и други простории. Притоа, кај лицето И.А. не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела. При претресите во домовите и други простории кај останатите три лица, каде живееле како потстанари, биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од претходно извршени кривични дела.
Во Полициската станица Гази Баба бил извршен разговор со лицата. при што појасниле дека Т.Б. и Д.С. заедно во периодот од 23.08.2017 година до 14.10.2017 година извршиле шест кривични дела (пет тешки кражби и едно одземање на моторно возило на подрачје на СВР Скопје). Воедно, Т.Б. и сам извршил четири кривични дела (една тешка кражба во Крива Паланка, - две тешки кражби во Кратово и една тешка кражба во општина Облешево).
Со преземените мерки биле расветлени вкупно 10 кривични дела од областа на имотните деликти, за што, по комплетирање на документацијата ќе бидат доставени соодветни поднесоци до надлежните јавни обвинителства.
На 26 октомври Т.Б. бил спроведен во Казнено поправната установа Идризово за издржување на затворската казна за претходно сторените кривични дела и против него ќе биде поднесена кривична пријава и поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Лицето Д.С. било пренесено во Казнено поправната установа Штип.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ ќе биде поднесена кривична пријава и против лицето И.А. За лицето Х.С. (20) не била утврдена поврзаност со делата. Таа не е сторител на кривични дела поради што била ослободена.
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
