Кривични пријави за 11 лица за случајот со девојчето од Домот „25 Мај“

Министерство за труд и социјална политика соопшти дека до Основното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против 11 одговорни и стручни лица од Центарот за социјална работа - Скопје за кривично дело „несовесно работење во служба“ и „запуштање на малолетно лице“, а во врска со случајот на 13-годишното девојче од Домот „25 Мај“.
Оваа пријава, посочуваат од МТСП, ќе биде покрената против сите лица кои биле задолжени да постапуваат и преземаат службени дејствија по предметот на малолетната Р.И. во периодот од 2012 - 2017 година.
Исто така, од страна на инспекторите се поднесени 12 иницијативи за покренување дисциплинска постапка против стручни лица, согласно со Законот за работни односи. Поведени се и 13 постапки за сторени прекршоци од страна на стручните лица во постапувањето во овој случај, согласно со Законот за социјална заштита, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Водата во Скопје безбедна за пиење
-

Во Берово утрово најстудено, -4 степени
-

Мицкоски на промоција на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините
-

Петти ден амандманска расправа по Предлог буџетот за 2026 година
-

Без струја село Јаболци и Горно Нерези
-

САД и Украина се договорија за изменет нацрт на мировниот план, Рубио оптимист
-

Министерката Јаневска ќе ја претстави стратегијата за образование 2026-2032
-

Почнува ноемвриската пленарна сесија на Европарламентот
