Македонија
21. October 2025 - 14:03

Кривична за управител на угостителски објект, ја тргнал налепницата и пломбата поставена од Државен пазарен инспекторат

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.З.(45) од с.Присојница, општина Маврово и Ростуше, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „симнување на службен печат или знак“.

На 29.07.2025 во угостителски објект, во кој пријавениот е управител, ја тргнал налепницата и пломбата која била поставена истиот ден од Државниот пазарен инспекторат Гостивар, поради нерегистрирана дејност.