Кривична за скопјанец, познат сторител на кривични дела
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.К. (31) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело „разбојничка кражба“ за што му е одредена и мерка притвор во траење од 30 дена.
Со намера да стекне противправна имотна корист, Е.К. на 3 септември годинавa околу 22:30 часот влегол во куќа во село Горно Нерези, најверојатно преку незаклучена балконска врата, по што пребарувал по мебелот во дневната соба и гардероберот каде пронашол и одзел една женска чанта, златен прстен, мобилен телефон, 1.000 евра, 10.000 денари и еден пиштол марка Берета калибар 7,65 милиметри.
Пријавениот при вршењето на кривичното дело бил затекнат од страна на сопствениците, при што со цел да ги задржи украдените предмети, со употреба на спреј за онеспособување го испрскал во лицето сопственикот и заедно со украдените предмети го напуштил местото на настанот.
СВР Скопје изврши увид во кој е пронајден и подигнат спрејот што пријавениот при бегството го оставил во куќата. Врз основа на претходно добиена наредба, од страна на полициските службеници од Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош и Ѓорче Петров, бил извршен претрес во домот на Е.К., но не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело.
Во ПС ОН Карпош бил извршен разговор со Е.К. кој го негирал извршувањето на кривичното дело.
Е.К. е познат сторител на кривични дела за што досега му се поднесени 17 пријави, седум за „тешка кражба“, по две за „насилство“ и „загрозување на безбедноста на сообраќајот“, како и по една за „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, „одземање на моторно возило“, „предизвикување општа опасност“, „фалсификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Кривична има и за тешка кражба од Струмица.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци