Кривична за скопјанец кој препродавал дијазепам и метадон на нарко зависници
На 25.03.2021 од страна на Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со СВР Скопје до Основно јавно обвинителство Скопје поднесена е кривична пријава против С.Р.(47) од Скопје, за сторено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик.
Имено, по преземени истражни дејствија - претреси на дом и други простории на подрачје на Гази Баба во Скопје, при извршен претрес на дом и други простории каде што С.Р. живее, пронајдени се и одземени поголема количина на ампули дијазепам и 97 шишиња со метадон во амбалажа од по 10мл., поради сомнение дека илегално ги набавил и ги препродавал на нарко зависници.
Од страна на Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје на С.Р. му е одредена мерка притвор.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Македонија е верен сојузник на САД, Европа треба да биде принципиелна наместо со двојни стандарди
-
Задутре онлајн состанок на европските министри за одбрана за Украина
-
Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер
-
Поднесено обвинение против три лица кои со секира искршиле и запалиле кафуле во Кисела Вода
-
Задушница - спомен за починатите
-
Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристички водичи
-
Студено утро, преку ден сончево со мала облачност
-
Состојба на патишта