Кривична за полицаец - нападнал обезбедување во ноќен клуб во Скопје

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против И.Б. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“ по член 383 став 1 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Пријавениот И.Б., вработен како самостоен полицаец - возач во Оддел за специјални полициски операции во Бирото за јавна безбедност при МВР, на 24.01.2025 околу 01.45 часот во ноќен клуб во Скопје агресивно се однесувал кон вработени во обезбедување на објектот, по што и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник и ќе изрече задолжителни мерки да биде суспендиран од своето работно место до завршување на постапката, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

ИЈЗ: За една недела пријавени 94 случаи со грип
-

Сведок во Онкологија: Преку пријатели добивавме терапија од Нино Васев
-

Последни заклучоци пред новата стратегија за образование да биде спакувана во финален документ
-

Речиси сите средношколци носат нож и боксирач во ранец за самоодбрана
-

Преглед на вестите од светот
-

Орце Ѓорѓиевски и официјално победи на изборите во Скопје
-

Мицкоски: Да го сменевме уставот се ќе беше одлично
-

Јаневска: Новата стратегија за образование ќе ги подобри резултатите на учениците на ПИСА и ТИМСС
