Кривична за полицаец кој малтретирал приведено лице во градски парк

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до ОЈО ГОКК, поднесе кривична пријава против А.Т. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.
Пријавениот, на работно место помлад полицаец во Полициска станица Центар при СВР Скопје, на 24.05.2026 околу 02:53 часот во Градски парк - Фонтана на бул.„Илинден“, при вршење на службени дејствија кон лишено од слобода, на кое рацете му биле врзани со лисици, без основ употребил физичка сила и му задал удар во грбот.
Со наведеното дејствие тој постапил на начин со кој се понижува човековото достоинство и личност. Одделот за внатрешна контрола против пријавениот ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина, соопшти МВР.
Ново на Сител
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
