Кривична за градоначалникот на општина Врапчиште поради сомнение за злоупотреба на службената положба

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против лицето И. Ш. во својство на градоначалник на општина Врапчиште поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето од чл. 353 ст. 3 в.в со ст. 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.
Како што стои во соопштението, пријавениот И. Ш. во текот на 2025 година ги пречекорил границите на своето службено овластување и постапил спротивно на член 157 став 1 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Р. Македонија“ бр.24/2019 од 1.2.2019 година), на начин што склучил договор за набавка на работи - реконструкција на локален пат во Добридол од центарот на селото до вкрстувањето со сервисниот пат покрај државниот пат А2, делница Тетово - Гостивар, бр. 0507-219/17 од 3.4.2025 година со избраниот економски оператор, без да ја дочека конечната одлука по поднесена жалба од Државната комисија за жалби по јавните набавки во согласност со што одлуката за избор била поништена.
-И покрај ваквата одлука од страна на Државната комисија за жалби по јавните набавки, пријавениот извршил плаќање по однос на склучениот договор на правното лице во вкупен износ од 11.848.675 денари и со овие дејства му овозможил на правното лице да стекне противправна имотна корист за наведениот износ - наведуваат од Управата за финансиска полиција.
МИА
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
