Кривична за гостиварец кој објавувал приватни фотографии со сексистички содржини од лажен профил
Секторот за компјутерски криминал при МВР поднесе кривична пријава против 27-годишниот К.Н. од Гостивар, осомничен за злоупотреба на лични податоци преку лажен профил на социјалната мрежа Инстаграм.
Како што соопштуват од Министерството за внатрешни работи, по неколкумесечна истрага, полицијата утврдила дека на 28 февруари 2025 година, осомничениот креирал лажен профил на Инстаграм и објавил фотографии од шест девојки од Гостивар, кои ги прибавил без нивна согласност од нивни приватни профили. Објавите биле придружени со навредливи и сексистички текстови.
По добиени податоци и преземени истражни мерки, К.Н. бил повикан на службен разговор во Полициската станица Карпош, каде го признал делото. Против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од Кривичниот законик.
МИА
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ
-
Пратениците без нова иницијатива за изборни измени – Собранието со декларација ќе гарантира фер избори
-
Продолжуваат партиските препукувања пред локалните избори
-
Алиу се сретна со Кедев – од 15 септември приватните болници задолжително ќе ги пријавуваат сите прегледи и интервенции во МЗ
-
Голема акција на финансиската полиција: Уапсени 7 лица, едно е во бегство
-
Обвинителството бара притвор за таткото насилник кој претепа двајца млади фудбалери во Штип
-
Македонија увезува работници, македонците на печалба во странство