-->
-->
Кривична за едно лице за злоупотреба на службена должност и овластување
-->
СВР Велес поднесе кривична пријава против С.Т.(64) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување“.
Како што информира денеска МВР, пријавениот, вработен како техничар во Шумско стопанство „Бабуна“ Велес во текот на март-јуни 2013 година ја искористил службената положба и овластување. Тој место да постапи по издадените дозволи за сеча, а издал и потпишал испратници за пресечено огревно дрво од 51,1 метар кубен, дозволил повеќе од одобрените количини огревно дрво за сеча.
Со тоа, С.Т. го оштетил Шумското стопанство „Бабуна“ Велес за вкупно 357.700 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Историска измама на власта, над 318.000 пензионери се оштетени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити градоначалникот тепач на Крива Паланка
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
-
Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите
-
Преглед на вестите од светот
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани