Кривична против тројца вработени во Катастар и еден геодет
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против тројца вработени во Агенцијата за катастар на недвижности и против овластен геодет поради „несовесно работење“ и „фалсификување службена исправа“.
Кривични пријави се поднесени против М.С, И.С, И.Л вработени во Агенцијата за катастар и против лицето Д.Н. во својство на службено лице-овластен геодет.
Пријавениот И.Л во својство на вработен во Агенцијата за катастар на недвижности постапувајќи по предмет оформен врз основа на службена исправа - геодетски елаборат со невистинита содржина изготвен од страна на пријавениот геодет Д.Н во текот на 2011 година пропуштил должен надзор во вршењето на своите овластувања и должности на начин што без да ги спореди податоците содржани во пријавата за запишување и во Геодетскиот елаборат со податоците во правниот основ извршил запишување на недвижности во катастарската евиденција без постоење на правен основ.
На тој начин на лицата К.А и Н.А спротивно на закон им овозможил да се стекнат со право на користење на градежно земјиште дворно место дел од катастарска парцела врз основа на што истите лица во текот на 2013 година по пат на приватизација се стекнале со право на сопственост врз истото градежно земјиште, со што на лицето А.М му е нанесена значителна штета.
Исто така, пријавениот М.С заедно со пријавениот И.С во својство на вработени во Агенцијата за катастар постапувајќи по предмет оформен врз основа на службена исправа - геодетски елаборат со невистинита содржина изготвен од страна на пријавениот геодет во текот на 2016 година пропуштиле должен надзор во вршењето на своите овластувања и должности.
Тие без да ги споредат податоците содржани во Геодетскиот елаборат со податоците за предметната недвижност и носителите на правото на сопственост со податоците запишани во катастарот на недвижности, извршиле запишување на недвижности во катастарската евиденција без постоење правен основ и на тој начин лицето А.М го избришале од катастарската евиденција како сосопственик на 110/372 идеален дел од градежно земјиште на катастарска парцела опишано во имотен лист, со што на лицето А.М пријавените му нанеле значителна штета.
Ново на Сител
-
Чешкиот „Блек хок“ се очекува да полета кон планината Готен, пристигнаа и словенечките пожарникари
-
Македонци во Тајван, сведочат за предупредувањето и опасноста од цунами по земјотресот на Камчатка
-
Кривична за управител за одгледување на канабис за медицински цели, одземени еден килограм и 260 грама марихуана
-
Економско-социјалниот совет треба да одржи седница, се очекува да се разговара за инфлацијата и порастот на платите
-
Уапсен поранешниот НБА кошаркар Морис, обвинет е за измама
-
Без вода неколку улици во Скопје
-
Почнува изградбата на „Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница - Тетово“
-
Тројца украински војници загинаа, а 18 се ранети во руски напад врз единица за обука