Кривична против тетовец во чие возило се откриени куршуми со непознат калибар
Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на Тетово, откако во неговото возило полициските службеници откриле куршуми со непознат калибар.
-Надворешната канцеларија за криминалистички работи-Дебар поднесе кривична пријава против Б.П.(42) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје, муниција или распрскувачки материи“, информираа од Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Според истиот извор при преглед во неговото возило на регионалниот пат граничен премин „Блато“ – Маврово, на десеттина километри од Дебар, кај месноста „Бошков мост“, полициските службеници пронашле куршуми со непознат калибар.
Исто така канцеларија поднела кривична пријава против Џ.С.(64) од с. Падалиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без победување лиценца“.
На 23 минатиот месец тој бил затекнат како со патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.
Ново на Сител
-
Д Фестивал годинава со хуман карактер за настраданите во кочанската дискотека
-
Преглед на вестите од светот
-
Трипуновски: Се ажурира базата на податоци на педолошката карта за засејување земјоделски култури
-
Ништо ново за патот на Македонија кон ЕУ нема да донесе посетата на Калас во Скопје
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела
-
За пожарот во Кочани досега сослушани 300 сведоци
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци