Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово, го оштетил буџетот на установата за 21.594.510 денари
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“ по член 353 став 4, во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Пријавениот - како директор на Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ Куманово, во периодот од 2020 до 2024 година склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во установата без претходно да добие одобрение од Министерство за здравство, а потоа и без да обезбеди согласност од Министерството за финансии незаконски вработил вкупно 127 лица, со што постапил спротивно на Закон за работни односи и спротивно на Закон за трансформација во редовен работен однос. констатирано од Државен инспекторат за труд.
На тие лица, пријавениот незаконски им исплатил плати во вкупен износ од 21.594.510 денари и за таа сума го оштетил буџетот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Куманово.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и треба обвинителство кое ќе се справи со криминалот и корупцијата
-
Цената на парното останува иста
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите се подметнати
-
Синдикатите, работодавачите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Во Тетово се гради меморијален парк за жртвите во пожарот во модуларната болница
-
Кадарот во хотелско угостителскиот сектор болна тема
-
Заштитена средновековната кула на локалитетот Пирго, дел од одбранбениот систем на Цар Самоил
-
Преглед на вестите од светот