-->
-->
Кривична против Британец - хакирал и измамил македонска фирма
-->
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Н.Н. (36) од Велика Британија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „оштетување и неовластено влегување во компјутерски систем“.
Пријавениот, во текот на ноември 2019, заради прибавување противправна имотна корист, неовластено влегол во туѓ компјутерски систем со менување на вистинските банкарски податоци во електронска комуникација помеѓу правно лице од Скопје и правно лице од САД, доведувајќи го во заблуда одговорното лице Т.М., за извршена нарачка на дијагностичка опрема, наместо на вистинската банкарска сметка да изврши плаќање на парични средства во износ од 10.503 евра на банкарска сметка која била во сопственост на пријавениот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран