-->
-->
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба „Национални шуми“ оштетени со 769.300 денари
-->
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против двајца кичевци Б.М.(70) и З.К.(64), и против Т.Ј.(53) од кичевското село Другово поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, како и против кичевецот А.Т.(36) за сторено кривично дело „кражба“.
-Пријавените, вработени во Шумското претпријатие „Лопушник“, ја злоупотребиле својата службена положба и овластување и бесправно изготвиле службена документација за сеча на 167 метри просторни огревно дрво и ја издале на физичко лице од Прилеп. Со тоа предизвикале штета на Јавното претпријатие „Национални шуми“ од 769.300 денари, информираат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јаневска: Kомитите се дел од историјата на Македонијa, УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништo
-
Гвардиола: Сезоната е долга, имаме за што да се бориме
-
Нема да има публика на натпреварите од 17. и 18. коло во ПМФЛ
-
Поевтинуваат горивата
-
ЕХФ го казни Пелистер
-
Повеќе од 25 возила меѓу кои трудници и мали деца заглавени во Леуново | ФОТО
-
Фискалниот совет предлага зголемување на старосната година за пензионирање на 67 години
-
Сообраќајот во зимски услови, на Ѓавато магла со видливост од 200 метри