Кривична пријава за загрозување на животната средина и природата со отпад
– СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Н.Е.(48) од општина Сарај – Скопје осомничен за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад” по член 230 став 3 од Кривичниот законик.
Како што информираа денеска од МВР, на 05.10.2022 полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал и инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државен инспекторат за животна средина извршиле контрола на оградено место за собирање и складирање на разни видови на метален отпад и други видови отпад во село Глумово, општина Сарај.
– При тоа бил затекнат пријавениот како во моментот неовластено тргува со отпад, без да е регистриран во Централен регистар како физичко лице или како трговец поединец и без да поседува дозвола за вршење дејност за управување со отпад, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, која е должен да ја поседува согласно член 64 од Законот за управување со отпад, се наведува во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара