Кривична пријава за вработен во Општина Конче поради несовесно работење
Полицијата во Радовиш поднесе кривична пријава против М.А.(46) од село Дедино вработен во Општина Конче како помлад инспектор за заштита на животната средина и комунални работи, осомничен за кривично дело „несовесно работење во службата“.
МВР соопшти дека во 2014 година пријавениот од градоначалникот на Конче бил овластен во име на Општината да изврши прием на 12.000 литри нафтени деривати, одобрени од Министерството за животна средина и просторно планирање.
М.А. постапил спротивно на член 8 од склучениот договор помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Конче и во три наврати дозволил да се подигнат нафтени деривати од по 660 литри или вкупно 1980 литри нафта од неовластено лице М.И., без притоа да се знае каде и како потоа се искористени тие количества нафта.
- На тој начин пријавениот му нанел штета на општинскиот буџет во висина од околу 7.130.000 денари, а останатите количини на нафтени деривати дозволил да бидат потрошени без да се води соодветна евиденција за нив, информира МВР.
Ново на Сител
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец