Кривична пријава за в.д. директорка на Национален парк „Галичица“ за „несовесно работење во службата“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ѓ. (58) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Според информациите, во текот на 2026 година, пријавената во својство на в.д. директор на Јавната установа - Национален парк „Галичица“ – Охрид, со пропуштање на должен надзор дозволила изведување активности и склучила договор за соработка со приватно претпријатие од Охрид за тампонирање на катастарска парцела за која немало урбанистичка документација, ниту одобрен проект за инфраструктура, а била во заштитен појас од 50 метри.
Воедно, за овој простор Општина Охрид имала донесено времен мораториум за какви било градежни активности, согласно планот за управување со светско природно и културно наследство на охридскиот регион.
МИА
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
