Кривична пријава за три лица кои го оштетиле буџетот на ЈП „Македонски шуми“

СВР Струмица поднесе кривична пријава против три лица – Љ.П.(37) од Радовиш, Ц.Л.(62) од радовишкото село Ораовица и Ј.В.(58) од Радовиш, кои со злоупотреба на службената положба и овластување го оштетиле буџетот на на ЈП „Македонски шуми“ за 4.609.482 денари.
Како што соопшти МВР, во текот на 2015 година првопријавениот како директор на Шумското стопанство „Плачковица“-Радовиш, и второпријавениот, како референт за приватни шуми во наведеното правно лице, спротивно на Законот за шумите издале одобрение за сеча на правно лице од Куманово.
Исто така, третопријавениот, како референт за сеча и превоз во наведеното правно лице, спротивно на Законот за шумите, издал испратници за транспорт на дрвна маса на правното лицето од Куманово, кое не било регистрирано во регистарот за правни лица кои вршат промет со дрва и дрвни сортименти.
-Со ова, пријавените му овозможиле на сопственикот на правното лице од Куманово да се стекне со противправна имотна корист од 4.609.482 денари на штета на Буџетот на ЈП „Македонски шуми“, соопшти МВР.
Ново на Сител
-

Србите го слават Свети Сава
-

Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
-

Што треба да поседува новиот државен јавен обвинител?
-

Собранието утре гласа за нови членови на КЗСД - граѓанскиот сектор обвинува за партизација на институцијата
-

Мицкоски до Ахмети за тет-а-тет средба - ќе се видиме, некогаш!
-

СДСМ: Жена му на газдата имала заедничка фирма со татко му на Нелоски
