-->
-->
Кривична пријава за раководителот на Подрачната единица за земјоделство во Битола
-->
Дополнителниот заменик - министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против сегашниот раководител на Подрачната единица на Министерството во Битола, Илија Србиновски.
Кривичната пријава е поднесена поради основано сомнение дека Србиновски сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“.
Николовски денеска изјави дека кривичната пријава ја поднел заедно со сите докази што ги презентирал на прес-конференција, а кои се однесуваа на доделувањето на државно земјоделско земјиште на фирми блиски на Србиновски.
- Секој кој се огрешил пред законот мора да одговара, изјави Николовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно