Кривична пријава за неовластено производство, пуштање во промет на психотропни супстанци и прекурсори
Министерството за внатрешни работи - Бирото за јавна безбедност, Одделот за криминалистичка полиција во рамките на засилените мерки во борбата со недозволена трговија со дрога во координација и по насоки од Основно јавно обвинителство Кавадарци на 22.04.2020, во магацин во скопската населба Бутел пронајде и одзеде 12 дрвени палети во кои биле складирани 1.240 килограми наркотична дрога- марихуана, спакувана во повеќе полиетиленски вакумирани пакувања и полиетиленски вреќи.
Во периодот од крајот на јуни 2019 година до октомври 2019 година, на необезбедена парцела со површина од околу 30 хектари на подрачје на село Сопот, општина Кавадарци, правно лице со седиште во Скопје, со други правни субјекти, извршило засадување на индустриски коноп, без соодветна дозвола-одобрение од соодветна комисија, при што од страна на НККР Кавадарци, по добиени насоки од страна на јавен обвинител од ОЈО Кавадарци на 02.10.2019 е извршен увид и се одземени мостри за вештачење од конопот. На 14.04.2020 од страна на ОКТИВ при МВР е изготвено вештачење со кое се констатира дека засадениот коноп претставува опојна дрога–марихуана чие што одгледување е регулирано со Закон за контрола на опојни дроги.
На 22.04.2020, повторно се дадени насоки од јавен обвинител од ОЈО Кавадарци, со цел да се обезбеди претставникот на правното лице Н.Ј (42) од с. Жилче, општина Јагуновце, со цел да се изврши службен разговор, а марихуаната која била складирана во магацин во населба Бутел да биде одземена и да се изврши дополнително вештачење. Повторно на 22 и 23.04.2020 година се извршени дополнителни две вештачења при што произлезедека материјалот одземен за вештачење претставува опојна дрога марихуана совршунки, цвет, семе и присуство на ТХЦ материја, која е забранета според Закон законтрола на опојни дроги.
Против претставникот на правното лице и правното лице ќе биде поднесена кривичнапријава за сторено кривично дело „неовластено производство, пуштање во промет напсихотропни супстанци и прекурсори“, а одземената марихуана заедно со кривичнтапријава ќе бидат доставени до ОЈО Кавадарци за понатамошна постапка во текот нa денешниот ден.
Ново на Сител
-
Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода на пожарот на планината Плачковица | ВИДЕО
-
Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин
-
Најмалку 25 лица загинаа, а 280.000 останаа без покрив над главата од почетокот на обилните дождови на Филипините
-
Министерот Тошковски во посета на џудо тренинг сесија на полициските специјалци во Центарот за обука во Идризово
-
Трамп вели дека договорот со ЕУ има 50 отсто шанси, а договорот со Канада можеби нема да се случи
-
На Табановце се чека 40, а на Богородица 20 минути
-
Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка
-
Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019