Кривична пријава за лице од Велешта за нелегално изградена куќа во близина на далновод

Педесет годишен жител од струшкото село Велешта нелегално изградил куќа во близина на далновод, со што ја загрозил сигурноста во снабдувањето со електрична енергија и предизвикал безбедносна опасност по луѓето, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, ОВР Струга поднело кривична пријава против С.Н.(50) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по член 244 од Кривичниот законик.
- Тој, на катарстарска парцела во селото во близина на постоечки надземни средно напонски водови, нелегално и спротивно на предвидени безбедносни норми, изградил куќа. Со тоа, пријавениот го нарушил безбедносното растојание, ја загрозил сигурноста во снабдувањето со електрична енергија и предизвикал безбедносна опасност по луѓето, појасни портпаролот Стефан Димоски.
Од извршениот инспекциски надзор било донесено решение за прекинување на градењето.
МИА
Ново на Сител
-

Протест на пензионерите пред Уставен
-

Почнаа да снимаат камерите - казни од следниот месец
-

Реформската агенда и Берлинскиот процес на дебата во Собранието
-

СДСМ: Разузнавач вработен во фирмата која го добила тендерот
-

Андоновски: Над 20.000 студенти ги искористиле ваучерите
-

Цврстите горива и понатаму број 1 причина за аерозагадувањето во Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
