Кривична пријава за кумановец за кражба на злато
Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар при СВР-Скопје, до Основното јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против лицето И.С. (31) од Куманово поради основано сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“.
Како што информира денеска МВР, на 18 декември 2015 година И.С., кој е осудено лице и се наоѓал на издржување казна затвор во КПУ Затвор Куманово - отворено одделение во Крива Паланка, додека бил во бегство од затворот, извршил кривично дело разбојништво. Одзел 16 златни ланчиња и се стекнал со противправна имотна корист од околу 375.190 денари.
Кривичното дело го извршил на тој начин што откако дошол во златарницата „Рубин“ во ГТЦ во Скопје, им се заканил на вработените со пиштол и го скршил стаклото од изложната витрина, каде бил изложен златниот накит. Ги одзел ланчињата и потоа го напуштил местото на настанот. По преземени мерки и активности утврдено е дека се работи за И.С.
На 5 мај годинава од полициски службеници од ЕИД-МД во просториите на КПУ Затвор Куманово бил извршен разговор со пријавениот, во кој тој го појаснил начинот на извршувањето на кривичното дело. Украдените златни ланчиња на 19 декември 2015 година во Куманово ги продал за 860 евра на лице од Тетово, а гасниот пиштол го фрлил во реката Вардар во Скопје. Дел од гардеробата, која ја носел при извршувањето на кривичното дело и патиките ги фрлил во контејнер.
По извршениот разговор, од страна на надзорниците од затворската полиција во КПУ Затвор Куманово,бил извршен претрес во ќелијата во која е сместен пријавениот. Притоа била пронајдена една капа која ја носел при извршувањето на кривичното дело.
На 13 мај годинава во ПС ОН Гази Баба, од страна на вработените од златарницата било извршено препознавање. Вработените со сигурност го препознале пријавениот како лице, кое со пиштол влегол во златарницата „Рубин“ и ги одзел златните ланчиња.
И.С. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти, кривични дела против животот и телото, кривични дела против здравјето на луѓето како и кривични дела против јавниот ред.
Од СВР-Куманово досега му биле поднесени 43 кривични пријави за сторени кривични дела - „кражба“, „тешка кражба“, „одземање на моторно возило“ и „тешка телесна повреда“. Од ПС Крива Паланка и СВР-Охрид поднесена му е по една кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“. Од СВР- Скопје поднесени му биле пет кривични пријави за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „тешка кражба“.
Ново на Сител
-
ФИФА го казни Шкупи
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка