Кривична пријава за двајца стружани за поседување дрога
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, Полициската станица од Струга, поднесе кривична пријава против Л.Г.(22) и Е.М.(23), двајцата од струшкото село Франгово.
СВР Охрид соопшти дека Е.М. се сомничи и за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски појасни дека на 18 овој месец, околу 23 часот, при полициска акција пронајдени биле 11 килограми зеленкаста тревкаста материја спаковани во најлонска вреќа сокриена меѓу грмушки на локалниот пат Франгово-Калишта.
- Акцијата е реализирана на местото „Царски кладенци“ каде пријавениот Л.Г. извесно време ја сокривал најлонската вреќа со тревкаста материја. Тука пристигнал со патнички автомобил „Пежо“ со скопски регистарски ознаки и одкако го паркирал автомобилот, се упатил до местото обраснато со грмушки каде ја сокривал најлонската кеса. Фатен е во момент кога извадил опаковка од еден килограм со тревкаста зелена материја, која ја имал со себе и сакал да ја остави во најлонската вреќа, во која претходно сокрил 10 килограми од истата материја, изјави Димоски.
По добиена наредба, додаде, извршен е претрес во домовите на пријавените, при што кај Е.М. во помошна просторија од куќниот двор, пронајдена била една автоматска пушка од кинеско производство и помала најлонска опаковка со бела прашкаста материја.
Спорд соопштението, на лицата им е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.
Ново на Сител
-
Два аеродрома во Москва затворени по украински напад со дронови
-
Штипјанец лишен од слобода, возел под дејство на алкохол
-
Од утре пад на температурите за три до пет степени со услови за пороен дожд и грмежи
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на третата Конференција на ОН за океанот во Ница
-
Препораки на ИЈЗ за заштита од високите температури
-
Еурофарм Пелистер го победи Вардар и ја одбрани шампионската титула
-
Се одложува отворањето на новите реновирани Управни служби на МВР во зградата на МТВ
-
На граничните премини нема подолги задржувања