Кривична пријава за дебранец кој наместо во изолација се возел со автомобил
Кривична пријава заработи 61 годишен жител на Дебар кој наместо во изолација се возел со автомобил.
Според Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи, кривичната пријава против Р.Д.(61) е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
– При контрола извршена на први овој месец полициските службеници од дебарското оделение за внатрешни работи, го затекнале пријавениот во неговиот патнички автомобил и констатирале дека тој не се придржува до решението за лекување и 14 дневна домашна изолација, издадено од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, изјави Димоски.
Додава дека со тоа, пријавениот постапил спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширењето на коронавирусот.
Димоски исто така информираше дека според статистичките податоци на ОВР – Дебар, во последното деноноќие издадени се три прекршочни платни налози за неносење заштита маска. Полициските службеници на ова одделение,кое со својата актвност ја покрива и општина Центар Жупа, овој месец издале седумдесеттина вакви платни налози.
Ново на Сител
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска