Кривична пријава за четворица за финансиски криминал во „Напредок“ од Пехчево

Секторот за внатрешни работи во Штип поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кочани против четири лица во врска со стечајот и оштетувањето на доверителите во АД „Напредок“ од Пехчево.
Кривичната пријава е поднесена против Г.С.(60), Д.И.(66), Н.С.(31) тројцата од Скопје и Т.А. (58) од Пехчево поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, „предизвикување стечај со несовесно работење“ и „оштетување или повластување на доверители“.
Г.С и Д.И. како неизвршни членови на Одборот на директори и Н.С. како управител на АД „Напредок“ сакајќи да прибават противправна имотна корист на 22 јули 2011 година донеле одлука за продажба на подвижниот и недвижниот имот по што Н.С. како извршен член на Одборот на директори извршил продажба на имотот на „Напредок“. Добиените парични средства неосновано, повикувајќи се на непостоечки позајмици од сметката на компанијата, ги префрлил на трансакциски сметки на Г.С. и Д.И. и на ќерката на второпријавениот, како и на трансакциските сметки на правните лица „Политехна“ , Благоје ДООЕЛ Скопје и на Леа-Д ДОО Скопје. Со тоа незаконски се префрлени парични средства во вкупен износ од 11.805.194 денари, на штета на компанијата.
Н.С. и Т.А. со непреземањето на нивните обврски за наплата на доспеаните побараувања во износ од 40.504.098 денари, како и со обезвредување на имотот преку признавањето на фиктивните позајмици, дозволиле компанијата да стане инсолвентна со што поттикнале да се отвори стечајна постапка.
Знаејќи дека компанијата веќе е неспособна за плаќање, а со намера да ги оштети доверителите кои во септември 2011 година имале доспеани побарувања, Н.С. сите парични средства од продажбата на недвижниот имот ги префрлил на трансакционите сметки на прво и второпријавените, како и на сметки на нивните блиски фирми.
Ново на Сител
-

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога
-

Уапсени двајца полицајци соучесници на грабежот во златара во Гостивар
-

Уапсен директорот на Комунална хигиена
-

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
-

Баба и внука нападнати во својот дом во Чаир од страна на четири лица
-

По сообраќајка на Бит Пазар, физичка пресметка со остар предмет, а потоа истрели од оружје
-

Уапсени двајца фудбалери на Беса за претепувањето на голманот на ФК Аеродром | ВИДЕО
-

Ужас во Белград: Пијан 24-годишник помина на црвено и усмрти тричлено семејство мeѓу кои и 9-годишно детe | ВИДЕО
