Кривична пријава за четворица стружани за напад на вработен во полиција
Четворица стружани добија кривична пријава од полициската станица во Струга поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“.
СВР Охрид соопшти дека Ј.П.(30), С.К.(28) и Б.С.(30) сите од Струга кривичното дело го извршиле на 13 март околу 2 часот по полноќ во ноќниот клуб „Оаза“ во Струга.
Според Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, првопријавениот Ј.П. упатил заканувачки зборови кон М.Ѓ. вработен во полициската станица во Струга по што го фатил за горниот дел од блузата и го истуркал.
- Напуштајќи го ноќниот клуб, М.Ѓ пред влезот бил пречекан од првопријавениот, кој физички го нападнал задавајќи му неколку удари со тупаница во пределот на главата. Веднаш потоа, во физичкиот напад се вклучиле и С.К. и Б.С., кои на М.Ѓ. му нанеле повеќе поединечни удари по целото тело, изјави Димоски.
М.Ѓ., појасни портпаролот, паднал на асфалтот, но и покрај тоа пријавените продолжиле со удари со нозе и раце по телото при што му нанеле тешка телесна повреда скршеница на коска на рака.
Ново на Сител
-
Златен џебен часовник од „Титаник“ продаден за рекордни 1,2 милиони фунти
-
Пронајдено безживотно тело на 26 годишна девојка во куќа во Штип
-
Лазаров го објави списокот на ракометари за собирот пред средбите со Фарски Острови
-
Силва го напушта Челси на крајот од сезоната
-
Партиите и коалициите продолжуваат со промоција на своите политички понуди на терен
-
125 санкционирани возачи во Скопје
-
Најмалку тројца полицајци убиени во престрелка во Северна Каролина
-
На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај