Кривична пријава против вработен во СВР Битола за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Џ.Р. од Битола - вработен во Одделение за заеднички работи во СВР Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 од Кривичниот законик.
На 05.01.2025 околу 02.30 часот во ноќен клуб во Битола, пријавениот агресивно се однесувал и се заканувал на едно лице, а при интервенцијата на лица од обезбедувањето, тој се однесувал агресивно и кон нив.
Откако бил отстранет од објектот, исто така, продолжил со агресивното однесување.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка лицето да биде суспендирано од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
Ново на Сител
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп