Кривична пријава против управителот и правното лице Балкан Марбле Индустриес за „даночно затајување“
Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.С. во својство на управител и против правното лице Балкан Марбле Индустриес ДООЕЛ Скопје, поради основано сомнение за сторени кривични дела , „даночно затајување“ од член 279 став 2 и став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а во врска со член 45 од КЗ и пријавеното правно лице од Скопје го извршило кривичното дело „даночно затајување“ од член 279 став 4 во врска со став 1, а во врска со член 45 од КЗ.
Како што се наведува во соопштението од Финансиската полиција, пријавениот Б.С., како управител на правното лице, во период од 01.01.2013 година заклучно со 31.12.2020 година, со намера да избегне плаќање на данок на добивка за пријавеното правно лице од Скопје. И покрај тоа што не ги вратил примените парични средства на име на аванси примени од пет странски правни лица, во вкупен износ од 308.714.994 денари (5.019.756 евра), пријавениот не ги отпишал застарените обврски на пријавеното правно лице по основ на претходно наведените аванси, кои се постари од три години, со што примените аванси не ги прикажал како приходи во Даночните биланси на пријавеното правно лице за период од 2016 година заклучно со 2020 година, а кој податок бил од влијание за утврдување на ваквите обврски.
Поради тоа, дошло до намалување на даночната обврска за пресметка на данок на добивка, со што пријавениот не пријавил и не платил данок на добивка по пресметковна стапка од 10 % во вкупен износ од 19.831.372 денари.
На тој начин, пријавениот Б.С. го извршил кривичното дело „Даночно затајување“ од член 279 став 2 и став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а во врска со член 45 од КЗ и пријавеното правно лице од Скопје го извршило кривичното дело „Даночно затајување“ од член 279 став 4 во врска со став 1, а во врска со член 45 од КЗ, стои во соопштението од Финансиската полиција.
Ново на Сител
-
Чеферин му го честита изборот на Омерагиќ за претседател на ФФМ
-
Сообраќајот во зимски услови, забрани за тешки возила на Стража, Пресека, Ѓавато и Буково
-
Експлозија пред куќа во Прилеп, нема повредени
-
Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје го награди Кикбоксот со пет награди на локално ниво
-
За 3.000 евра плата се приклучил на руската војска во Украина, уапсен 37 годишен скопјанец
-
Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје
-
Обвинение за убиство на вонбрачна партнерка од страна на 33-годишник
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен - Охрид, кај превојот Буково поради сообраќајна незгода