Кривична пријава против седум лица од Паланка за разбојништво во село Опила

Полицијата во Крива Паланка до Основното јавно обвинителство - Крива Паланка поднесе кривична пријава против З.З (33), М.С (24), М.С (64), И.К.(34), А.Ј.(30), И.С.(31) и Н.У.(27) поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво“, извршено во село Опила, општина Ранковце, во куќа на Д.Т. (93), С.Т (63) и Љ.Т.(68) – син и ќерка на Д.Т., оштетувајки ги притоа за 185.000 денари.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека пријавените на 7 ноември 2015 година, околу 09,00 часот, по претходен договор пристигнале во село Опила, на место викано Илиинци, општина Ранковце, каде откако се увериле дека оштетениот С.Т., син на „Д.Т. излегол од куќата влегле во дворот, а потоа преку влезната врата влегле во собата каде се наоѓале ќерката на Д.Т., Љ.Т. и Д.Т и физички ги нападнале удирајќи ги во пределот на главата и телото, нанесувајки им телесни повреди, а потоа со селотејп трака им ги врзале рацете и устите.
Во меѓувреме влегле уште две непознати лица, кои извршиле пребарување и ги пронашле парите (3000 евра, 5000 долари и 50.000 денари), по што истите со одземените пари го напуштиле местото на настанот.
Ново на Сител
-

Ученик нападнал соученик со тврд предмет во основно училиште во Аеродром
-

Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
-

Радовишанец се заканувал на вработени во странска амбасада, заврши на психијатриско посматрање
-

Андоновски: Европската оценка е важна потврда за напредокот во дигиталната трансформација
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
-

Посебен сообраќаен режим кон градските гробишта поради Задушница
-

Шасивари: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот мора да се одземе
-

Во Берото утрово најстудено, во Гевгелија 3 степени
