Македонија
14. October 2019 - 14:04

Кривичен совет од скопска единица ќе одлучува дали Јанева ќе излезе од притвор

Апелациониот суд ја врати жалбата на Јанева со која бараше укинување на притворот. Претходно, судија на претходна постапка во Кривичниот суд, како недозволен го отфрли предлогот екс шефицата на СЈО да излезе од притвор за што понуди три станови.
 
Од Апелациониот суд велат дека предлогот за укинување на мерката притвор со определена гаранција не смеело да се отфрли туку требало да се оцени основаноста.
 
„Ние сметаме дека мериторно требало да се одлучи, или да се прифати или да не се прифати, и ако не се прифати, во тој случај требало да се одбие барањето, а не како што одлучил судијата на претходна постапка, тоа да се отфрли“, појаснуваат од Апелациониот суд.
 
Од таму додаваат дека за ова ќе го известат Основниот суд Скопје 1, каде сега за жалбата на Јанева ќе треба да одлучува кривичен совет.
 
Зоран Јаневски