Македонија
27. December 2017 - 16:38

Кривичен го продолжи притворот за учесниците од настаните од 27 април

23 лица осомничени за настаните во Собранието од 27 април, меѓу кои и пратениците Крсто Муковски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов остануваат во истражниот затвор во Шутка уште 30 дена.

Кривичниот совет го прифати барањето на јавното обвинителство за организиран криминал и корупција и ја продолжи мерката притвор.

Останатите 4-ца, меѓу кои и пратениците Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска и следните 30 дена остануваат во куќен притвор.

Од Кривичен велат дека судот го прифатл предлогот на обвинителството и на лицата С.М. и М.М. им ја замени мерката притвор со мерка куќен притвор.

Против овие решенија е дозволена жалба до Апелацискиот суд во рок од 48 часа ос приемот на решенијата.