Крива Паланка доби 2.850.000 денари од Бирото за регионален развој
Општина Крива Паланка доби 2.850.000 денари од Биро за регионален развој за изградба на канализација, одведување отпадни води во село Конопница и изработка на техничка документација за локален патен правец во Варовиште.
-Со потпишување на договорите во Владата на Република Северна Македонија на официјални претставници од општина Крива Паланка и Бирото за регионален развој за реализација на проект „Изградба на канализација за отпадни води за дел од село Конопница“ во износ од 1.850.000 денари како и договорот за реализација на проект „Изработка на техничка документација за локален патен правец Крива Паланка – Варовиште – Кошари – Б’с“ во износ од 1.000.000 денари, официјално општината ќе може да инвестира во овие проекти и да вложи во подобрување на условите за живот на граѓаните во руралните населени места, благодарение на поддршката од централната власт, посочија од службата за комуникација со јавност при локалната самоуправа на општина Крива Паланка.
Договорите официјално се потпишани на свеченост на којаприсуствуваа и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески и директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи.
Ново на Сител
-
Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина
-
Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје
-
Индија и Пакистан потврдија за договорен прекин на огнот со посредство на САД
-
Одбележана 10 годишнина од настаните во Диво Насеље
-
Турчин во Скопје со капак од шахта удирал по глава свој сонародник, пробал да го убие
-
Вработена во основно училиште пријавила дека била нападната од ученик
-
Жената која беше пријавена за исчезната, пронајдена почината
-
Федерер за последниот натпревар: Му кажав работи на Ѓоковиќ кои го разнежнија