Криминалот од омраза во Германија со раст од три четвртини за една година
Истражувањето на германската Влада за квалитетот на животот во земјата, покажува дека во споредба со 2014 година, лани за огромни 77 проценти пораснал бројот на криминални акти мотивирани од омраза, јави дописникот на МИА од Берлин.
Во извештајот на 323 страници, со кој германската Влада одговара на прашања на свои 16.000 граѓани, се смета за алармантен, затоа што во него се евидентирани над 10.300 криминални акти мотивирани од политички разлики, ентичка припадност, боја на кожа или религија.
Во најголем број од овие случаи, дури 8.529, жртви се странци што претставува раст од 116 проценти, а криминалот причинет од омраза на интернет пораснал за 176 отсто со вкупно 3.084 случаи.
Весникот „Пасауер Ноје Пресе“ тврди дека ланскиот извештај за кој денеска треба да се произнесе Владата во Берлин, има најголем негативен тренд од 2001 година, па досега. Весникот забележува дека трендот на криминал од омраза е контрадикторен со главната желба на сите испитаници за „толеранција и почит кон сите поединци“.
Според извештајот, граѓаните од германските власти очекуваат да се справат со провалните кражби, кои се зголемени за 10 отсто и се на ниво од 167.000 во 2015 година. Меѓу главните очекувања на германските граѓани е и зголемување на процентот на решени случаи на криминал, кој лани паднал на 27 отсто во споредба со 32,3 проценти во 1998 година.
Ново на Сител
-
Запленети парфеми, облека, обувки, 323 штеки цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милиони денари
-
Видевски: Го прашав Палчо зошто ја уби Вања, тој само ги крена рамениците
-
Трамп се закани дека ќе го скрати финансирањето на јавните медиумски сервиси
-
Стабилно снабдувањето со јајца на домашниот пазар пред велигденските празници
-
Утрово во Албанија регистриран земјотрес со јачина од 3,2 степени
-
Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами
-
Русија и Украина договорија прекин на огнот во Црното Море
-
Николоски: Започнуваме борба против административната мафија