Кремљ: Путин нема да присуствува на погребот на Пригожин
Рускиот претседател Владимир Путин не планира да присуствува на погребот на основачот на приватната воена група „Вагнер“ Евгениј Пригожин, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој пред новинарите во Москва изјави дека Кремљ не е запознаен со организацијата на погребот на Пригожин, бидејќи тоа е „семејна работа“.
Пригожин загина откако неговиот деловен авион се урна во Русија минатата недела. Несреќата се случи два месеци откако Пригожин и неговите војници организираа бунт против раководството на руската армија и го зазедоа Ростов, пред да се повлечат откако „Вагнер“ пристигна на 200 километри од Москва.
Кремљ претходно ги отфрли како „апсолутни лаги“ изјавите на одредени западни политичари и коментатори дека Путин го наредил убиството на Пригожин како одмазда за бунтот.
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
