Балкан
25. December 2018 - 22:57

Кремљ потврди: Путин во јануари во Белград

Се очекува рускиот претседател Владимир Путин во јануари следната година да го посети Белград, потврди денес портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
 
„Подготовките за посетата на претседателот на Србија се во тек. Посетата е планирана за јануари“, кажа Песков, а пренесе ТАСС.
 
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави претходно дека очекува Путин да го посети Белград на 17 јануари.
 
Двајцата претседатели за првпат се сретнаа во Москва на 2 октомври оваа година.
 
Потпретседателот на руската влада Јуриј Борисов претходно најави дека за време на посетата на Путин на Белград би можел да биде потпишан договор за форморање нуклеарен центар во Србија.
 
Српските медиуми јавија претходно дека за време на посетата треба да бидат потпишани дваесетина договори и дека ќе се договори и реализација на заеднички проекти од областа на енергетиката и инфраструктурата.