Кремљ: Неточни се тврдењата дека Путин го отфрлил американскиот мировен план

Тврдењето дека рускиот претседател Владимир Путин го отфрлил американскиот мировен план за Украина би било неточно, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
-Еден дел од точките на планот за Украина се прифатени за време на разговорите меѓу Путин и Виткоф, дел е означен како неприфатлив. Тоа е работен процес, рече Песков и додаде дека колку повеќе преговорите се водат во тишина, толку ќе бидат попродуктивни.
Тој соопшти и дека Русија се надева оти американската страна ќе се придржува до принципот на тишина за време на преговорите за решение.
Портпаролот на Кремљ додаде дека е можен телефонски разговор меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп. „Телефонски разговор е можен во секој момент. Постои можност да биде оперативно организиран“, рече Песков.
Вчерашниот разговор меѓу претседателот на Русија, Владимир Путин, и американскиот специјален пратеник Стив Виткоф беше корисен, конструктивен и значаен, изјави претходно советникот на Путин, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека разговорот „не траел пет минути, туку пет часа“.
-Разговаравме за неколку опции за ставање крај на војната во Украина. Се договоривме со американските колеги да не ја откриваме содржината на преговорите. Разговорот беше доверлив, рече Ушаков.
МИА
Ново на Сител
-

Визна либерализација меѓу темите на вториот Стратешки дијалог со САД
-

Советот на обвинителите ја прифати оставката на Ленче Ристоска
-

Досега откупени над 100.000 јагниња по цена од 280 денари, на сточарите исплатени над 1 милијарда денари субвенции
-

Уставен одлучи: Се зголемуваат платите на судиите
-

Законот за правична застапеност го помина владиниот филтер – на ред е Собранието
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кревко примирје меѓу САД и Иран
-

Падна цената на нафтата на светските берзи, но неизвесноста за Ормутскиот теснец останува
