Кремљ: Не е јасно што сака Киев
Кремљ денеска соопшти дека ја обвинува Украина затоа што мировните преговори меѓу двете земји се замрзнати, наведувајќи оти не е јасно што сака Киев.
Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, украинските власти постојано дава контрадикторни изјави.
– Тоа не ни дозволува целосно да сфатиме, што украинската страна навистина сака, тврди Песков.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Киев нема желба да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, но ќе мора да се соочи со реалноста дека тоа најверојатно ќе биде неопходно за да се стави крај на војната.
– Постојат работи за кои треба да се разговара со рускиот лидер. Не велам дека нашиот народ има желба да разговара со Путин, но мораме да се соочиме со реалноста низ што минуваме сите заедно, истакна Зеленски за време на своето обраќање пред индонезиските интелектуалци.
Тој нагласи дека Украина од тој состанок очекува повторно да си ги врати животите.
– Сакаме да го вратиме животот на една суверена земја, на својата територија. Русија се чини сè уште не е подготвена да започне сериозни мировни преговори, додаде Зеленски.
Ново на Сител
-

Кандидатот на ВРЕДИ, Фисник Меља прогласи победа во Дебар
-

ДИК: Од обработени 93% од гласовите за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски - 57,84%, Амар Мециновиќ 36,11%
-

Јовица Илиевски победи во Брвеница
-

Д-р Владко Грозданов прогласи победа во Кочани
-

Златко Ристов останува градоначалник на Конче
-

Левица: Задоволни сме од излезеноста во урбаните општини, исклучок се општините Чаир и Сарај
-

Според партиски извори Ѓоко Камчев е нов градоначалник на Валандово
-

ДИК: Од обработени 80,85 % од гласовите за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски - 59,41%, Амар Мециновиќ 34,80%
