-->
-->
Кремљ: Именувањето на Милер за специјален обвинител внатрешно прашање на САД
-->
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска одби да го коментира назначувањето на поранешниот шеф на ФБИ, Роберт Милер за специјален обвинител на федералната истрага за евентуалниот таен договор меѓу предизборниот тим на Доналд Трамп и Русија и нејзината интервенција во изборниот процес во САД во 2016 година, пренесоа британските медиуми.
- Нема што да се коментира. Тоа е внатрешно прашање на САД, рече Песков пред новинарите во руското црноморско летувалиште Сочи.
Портпаролот, исто така, не сакаше да даде прогноза како ова назначување може да се одрази врз подготовката на средбата на лидерите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп. Средбата може да се оддржи во рамки на самитот на Г-20 во Хамбург во јули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таравари го отвори пратеничкиот трансфер пазар
-
Партиите се подготвуваат за локалните избори, Мицкоски и Филипче убедени во победа
-
Вандализиран меморијалот за жртвите во Пулс
-
18 повредени од трагедијата се уште на болничко лекување - По 43 години, најави за реновирање на кочанската болница
-
Со електронски алки за следење ќе се намалува бројот на затвореници
-
Муртезани: Очекувам да расте бројот на пратеници
-
Мицкоски: Жалам за одлуката на Таравари
-
Прв состанок на националниот консултативен механизам за Реформската агенда