Кремљ го поздрави американскиот здрав разум за стратешкиот дијалог
Руските власти денеска ја поздравија посветеноста на претседателите на Русија и САД за дијалогот за стратешка безбедност и нуклеарно разоружување и оценија дека САД „се враќаат на здравиот разум“.
Владимир Путин и Џозеф Бајден вчера потпишаа краток текст за време на нивниот прв состанок во Женева, потврдувајќи ја нивната волја да воспостават дијалог за стратешката стабилност, особено за прашањето за контрола на нуклеарното оружје.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги повлече САД од неколку билатерални и меѓународни договори.
-Иако текстот е многу краток, тој, сепак, е заеднички документ за стратешката стабилност, што значи дека двете земји се одговорни не само пред својот народ, туку и пред целиот свет, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Помошникот на шефот на руската дипломатија, Сергеј Рјабков, можноста за дијалог за нуклеарно разоружување и отфрлањето на нуклеарната војна ги оцени како „вистински успех“.
По средбата, и претседателите Путин и Бајден оценија дека имале конструктивен разговор, и покрај ривалството и длабокото несогласување за бројни прашања.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
-

Што треба да поседува новиот државен јавен обвинител?
-

Собранието утре гласа за нови членови на КЗСД - граѓанскиот сектор обвинува за партизација на институцијата
-

Мицкоски до Ахмети за тет-а-тет средба - ќе се видиме, некогаш!
-

СДСМ: Жена му на газдата имала заедничка фирма со татко му на Нелоски
-

ССМ утре на протест ќе бара зголемување на платите за 6.000 денари
