Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно продолжување на едностраното тридневно примирје, кое рускиот претседател Владимир Путин го најави за почетокот на мај, од 8 до 20 мај.
Москва ја виде понудата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, но прво треба да се разјаснат голем број прашања, рече Песков.
-Без одговори на тие прашања, тешко е да се склучи долгорочно примирје, рече Песков, додавајќи дека тоа е ставот на Путин.
Путин ги изнесе условите во март, кога американскиот претседател Доналд Трамп предложи 30-дневно примирје. Тие вклучуваа забрана за Украина да ја користи паузата за прегрупирање и вооружување на своите сили и забрана за испорака на западно оружје во Киев. Тој не понуди никакви отстапки за возврат.
Путин вчера прогласи еднострано тридневно примирје од 8 до 10 мај, што ќе се совпадне со годишната Парада на победата на Црвениот плоштад во Москва, по повод крајот на Втората светска војна, што се одржува во Русија на 9 мај.
Кинескиот претседател Си Џинпинг е меѓу странските гости кои ќе присуствуваат на парадата оваа година.
Песков го опиша објавувањето на тридневното примирје како „гест на добра волја“, додека Зеленски рече дека прогласувањето на прекин на огнот на Путин е „уште еден обид за манипулација“.
Ново на Сител
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци
-
Полицаец од Матејче крадел струја за неговата чајџилница
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател
-
ПСЖ на чекор од финалето во Лигата на шампионите: Французите го победија Арсенал среде Лондон
-
Инзаги: Интер е во полуфиналето на ЛШ, па не би рекол дека сега сме во тежок период
-
Кацигата на Аиртон Сена продадена за рекордна цена на аукција
-
Тен Хаг или Чави би можеле да го заменат Чаби Алонсо во Баер