-->
-->
Кремљ ги повикува Русите да бидат „поодговорни“ и да се вакцинираат против Ковид-19
-->
Кремљ денеска ги повика Русите да бидат „поодговорни“ и да се вакцинираат против Ковид-19 во услови на широка недоверба во вакцините и ограничени анти-ковид мерки.
– Ние сме навикнати да ја обвинуваме државата за се. Но, во исто време, однесувањето на граѓаните на земјата мора да биде поодговорно, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Русија денеска повторно регистрира нов црн рекорд со 1.015 нови смртни случаи од Ковид-19 за 24 часа, со што официјалниот број на починати достигна 225.325, со што Русија е на прво место по смртност од коронавирусот.
Само 35 проценти од Русите досега се целосно вакцинирани, и покрај апелите од властите за имунизација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто