Кремљ бара јавно извинување од руските комедијанти за измамата на Елтон Џон
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков побара од двајцата руски коемдијанти кои го измамија Елтон Џон, кога при телефонско јавување му претставија како рускиот претседател Владимир Путин, јавно да и се извинат на британската поп ѕвезда.
- Елтон Џон ужива целосен респект кај нас (во Русија), изјави Песков за лондонски медиуми, потсетувајќо на минатогодишната изјава на претседателот Путин дека Елтон Џон е „исклучителна личност“.
Аферата со „телефонскиор разговор“ на 68-годишниот пејач и композитор, кој последнава деценија се јавува како застапник на хомосексуалната заедница, почна откако тој се пофали на својата интернет страница дека имал телефонски разговор со рускиот претседател, а во изјава за Би-Би-Си рече и дека се подготвува и лично да се сретне со Путин, за да разговара околу положбата на ЛБГТ заедница во Русија.
- Повикот од Путин за мене беше најубавиот ден во животот, изјави притоа Елтон Џон, откако лани во неколку наврати ги критикуваше руските власти за нивниот однос кон хомосексуалците, нарекувајќи го бесмислен и со предрасуди.
Официјална Москва веднаш го демантираше тврдењето на Џон, а Песков рече дека пејачот можеби и разговарал со некого од Русија, но тоа не бил рускиот претседател.
Ова предизвика збунетост во британската јавност за тоа што навистина се случило и дали можеби Кремљ не сака да признае дека разговорот се случил.
Работите се разјаснија откако беше обелоценето дека пејачот не разговрал по телефон со Путин, туку со еден од двајцата популарни руски комичари Владимир Краснов и Алексеј Стољаров.
Тие двајцата се познати во руската јавност како мошне успешни комичари и забавувачи кои досега успеале да измамат многу познати личнсти во Русија и во странство. Меѓу нивните жртви се и претседателите на Грузија и на Белорусија, а еднаш за малку тоа ќе бил и британскиот премиер Дејвид Камерон.
Во изјава за некои весници во Лондон, Елтон Џон призна дека воопшто не бил свесен за измамата и за тоа дека не разговара со рускиот претседател.
Дмитриј Песков, сега, порача дека британскиот пејач е добредојден да се сретне со Владимир Путин и објасни дека рускиот претседател ќе одговори на сите прашања што ќе ги има Елтон Џон.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи