Кремљ: Ако САД и дозволат на Украина да користи ракети тоа ќе ја зголеми нивната вмешаност во конфликтот
Доколку СAД и дозволат на Украина да користи оружје од американско производство за напади на руска територија, тоа ќе доведе до зголемување на тензиите и продлабочување на вмешаноста на САД во конфликтот меѓу Русија и Украина, соопшти денеска Кремљ.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека рускиот претседател Владимир Путин претходно јавно го кажал својот став за потенцијалната дозвола на САД за употреба на ракети, односно дека употребата на такво оружје значи директно учество на земјите од НАТО во конфликтот во Украина, пренесува руска новинска агенција.
Песков посочи дека наводите за дозволата од САД се уште не се официјално потврдени. Тој оцени дека администрацијата на американскиот претседател има намера да продолжи да предизвикува тензии во Украина.
-Знаете, сè уште има извештаи во западните медиуми, но јасно е дека администрацијата во заминување во Вашингтон има намера да преземе чекори за да продолжи да долева масло на огнот и да предизвика дополнителна ескалација на тензиите во врска со овој конфликт- рече Песков.
Според „Њујорк Тајмс“ и извештаите на агенциите и други медиуми, администрацијата на претседателот во заминување Џозеф Бајден вчера и одобрила на Украина да користи крстосувачки ракети со долг дострел ATAЦMС за напади длабоко во руска територија.
Ново на Сител
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час