Креативни работилници во два групни домови за деца без родители
Во организација на компанијата „Лион“ вчера беа одржани ликовни работилници во два исполнија двата групни домови за деца без родители, каде дечињата имаа можност да создадат свои уметнички дела под менторство на ликовни уметници.
Компанијата „Лион“ започна проект за развој на креативноста во чии рамки ќе се одржат повеќе работилници за најмладите членови на општеството. На вчерашната работилница, која беше реализирана во соработка со Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје, учествуваа десет деца кои од неодамна се сместени во групни домови.
-Ние сме навистина среќни и благодарни што преку една ваква активност дечињата од домот имаа можност да научат нешто ново за ликовната уметност, но и да го изразат својот талент и креативен потенцијал на оригинален начин. Се надеваме дека со проектот ќе бидат опфатени сите деца од домот „11 Октомври“ и на тој начин да им овозможиме разновидни, но пред сè едукативни и интересни активности, изјави Соња Стамевска, в.д. директор на Домот за деца без родители „11 Октомври“.
-Целта на кампањата на компанијата „Лион“ е децата од ранливите категории да добијат пристап до различни вонучилишни активности преку кои ќе се поттикне нивниот емоционален развој и креативен потенцијал и ќе ја помогне нивната инклузија во општеството. Во таа насока, во наредните неколку месеци ќе се одржат повеќе ликовни и музички работилници и работилници за готвење. Децата кои учествуваа на вчерашната работилница добија пакетчиња со подароци од брендот Леона, а компанијата дополнително донираше и пакети со производи за Домот за деца без родители „11 Октомври“, информираат од компанија „Лион“.
Ново на Сител
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час
-
УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран