Креативни активности за најмладите од неготинската библиотека
Изненадувања за најмладите секоја сабота организира Локалната градска библиотека „Страшо Пинџур“ од Неготино.
Директорката на библиотеката Катерина Данаилова информира дека секоја сабота во текот на јули е време за приказни и креативни активности. Најмладиот член овде има само три години.
Таа истакна дека во моментов во библиотеката се работи на привлекување на најмалите дечиња со различни активности и настани.
- Со креативен пристап се осознава книгата како неисцрпен извор на знаење, фантазија и поттик, нагласи директорката Данаилова.
Неготинската библиотека постои над пет децении. Со почеток на летниот распуст, стартуваше и натпреварот за најчитател за ова лето. Тие што ќе прочитаат најмногу, ќе бидат прогласени за најчитатели и ќе бидат наградени.
Ново на Сител
-
Илјадници луѓе протестираа во Израел барајќи договор за заложниците
-
Сончево со мала до умерена облачност, од утре промена на времето
-
На ГП Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
-
Покрената истрага за поранешниот специјален обвинител кој водеше два случаи против Доналд Трамп
-
Пожар во складиште за гориво во рускиот град Сочи по украински напад
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања