Македонија
28. March 2017 - 14:32

Кражба во спортска обложувалница во Скопје

Непознат сторител синоќа во 22.15 часот извршил кражба во спортска обложувалница на улицата „Марко Крале“ во Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, крадецот со тупаница го удрил вработениот и од рацете му одзел една црна ќеса во која имало околу 200.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.