-->
-->
Кражба во црквата “Св. Спас” во Сопиште, приведени двајца скопјани
-->

На 26.05.2025 во Скопје полициски службеници ги лишија од слобода Р.Д.(30) и М.Ј. (39), двајцата од Скопје поради сторено кривично дело “тешка кражба” по член 236 став 1 од КЗ. На 19.05.2025 во СВР Скопје е пријавено дека од црквата “Св. Спас” во Сопиште, скопско, биле одземени предмети, соопшти МВР.
Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје и сторителите се откриени и лишени од слобода на територија на Шуто Оризари. Тие во службен разговор го признаа кривичното дело, а одземените предмети се пронајдени и вратени на црквата. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дојави за бомби во голем број училишта во Србија
-

Во Скопје започнува ново поглавје на соработка преку спортската дипломатија
-

Ѓорѓиевски од Брисел: Интеграцијата во ЕУ останува стратешки приоритет на Македонија, а општините имаат клучна улога и во евроинтеграцискиот процес
-

Меси тренираше одделно
-

Атлетико Мадрид се вклучува во трка за потписот на Осимен
-

„Не можам да дишам“: Снимка од последните моменти на Хенри Новак предизвика гнев и протести во Британија
-

Кривична против Сашо Велковски, поранешен градоначалник на Свети Николе
-

Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
