Кратово: Засилена полициска контрола, запленети возила и вршен притисок врз гласачи
Во Кратово денеска има многу полициски контроли и гласањето се одвива во малку тензична атмосфера.
Според информации на Сител досега се запленети четири возила на граѓани кои оделе на гласање од страна на полицијата под сомневање дека се технички неисправни. Возилата се запленети до утре, ќе се прави технички преглед и доколку се во ред ќе им бидат вратени утре.
И уште една информација до која стигна Сител од штаб на политичка партија е дека било вршено притисок во врска со гласањето на граѓани од страна на други граѓани кои биле со возила чии регистарски таблички не биле од Кратово.
Полициските патроли застанувале голем број на возила за проверка, застаната беше и екипата на Сител и привремено беше спречена да ја врши својата работа, но веднаш откако дошле инспектори им било повторно дозволено да работат.
Ново на Сител
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран
-
Продолжен притворот за напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Детска болница Козле доби вода
-
Инвазија на Кратери во Скопје
-
Кривична против 17-годишник од Скопје, во продажен објект со остар предмет одзел пари од вработените
-
Од 1 септември учениците ќе имаат учебници по странски јазици